Доделени алтернативните Нобелови награди

Од:

Научниците, кои проучувале каде најмногу боли при убод од пчела, колку долго цицачите уринираат и како да го омекнете превареното јајце, се добитници на овогодишните алетернативни Нобелови награди.

Наградите ИгНобел се пародија на Нобеловите награди и се доделуваат прво за достигнувања шѕо ќе ги насмеат луѓето, а потоа ќе ги поттикнат на размислување. Ги доделува хумористичното списание „Annals of Improbable Research“ со седиште во Харвард.

Научникот Мајкл Л. Смит е горд добитник на ИГ Нобеловата награда за физиологија, бидејќи дозволувајќи пчелите повеќекратно да го бодат по разни делови од телото, утврдил дека најмногу болка се чувствува на носницата, горната усна и пенисот.

Австралискиот научник Колин Растон доби награда за хемија бидејќи открил хемиска супстанца, која го омекнува премногу тврдо вареното јајце.

Професорката по физика од универзитетот во Џорџија, Патриција Јанг со своите соработници утврдила дека речиси на сите цицачи без разлика на големината им се потребни 21 секунда за да го испразнат мочниот меур.

Алтернативна Нобелова награда за медицина добија научниците од Велика Британија, кои утврдиле дека акутното воспаление на слепото црево може да се дијагностицира по количината на болката за време на возење преку лежечки полицаец.

Др. Родриго Васкуез од чилеанскиот универзитет во Сантијаго доби награда за биологија за клучниот пронајдок дека кокошките со вештачка опашка поставена на задницата се движат како диносауруси.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска