„Министерството за Транспорт и Врски изнареди низа напади врз градоначалникот Андреј Жерновски, но не одговори на ниту едно од прашањата кои ги постави тој а граѓаните мора да го добијат одговорот.
Бидејќи министерството ги игнорира овие прашања еве повторно ќе ги поставиме и ќе продолжиме тоа да го правиме додека јавноста не добие одговор.
Дали на местото на сегашните бараки на град Скопје со одлука на Влада е предвидена градба со маркица Б5 односно хотелски комплекс?
Која ќе биде максималната висина на оваа зграда?
Објекти од посебен интерес се болниците, училиштата, градинките односно оние градби кои се од интерес на граѓаните и се стратешки објекти. Како може хотелски комплекс да биде назначен како објект од посебен интерес?
Кој ќе профитира од ова криминлано узурпирање на земјиштето на општината?
Уште еднаш порачуваме дека ваквата градба нема да се дозволи и ќе направиме се да ја спречиме нејзината изградба. Го повикуваме министерство во најкус можен рок да ја преиспита оваа одлука и итно направи промени и на висината и на видот на градба предвидена во Градски парк.
Апелираме и до граѓаните, но и до стручната јавност да се спротистават на ваквата намера на власта“, се вели во реакцијата на Општина Центар.