Шпанските власти денеска соопштија дека заплениле 1,5 тони кокаин и уапсиле десет осомничени од група за шверц на дрога од Јужна Америка до северниот брег на Шпанија.
Цивилната гарда соопшти дека се уапсени четворица државјани на Шпанија, тројца од Аргентина и по еден државјанин на Велика Британија, Холандија и Парагвај во рација во четири разчични региони.
Кокаинот е пронајден во куќа во северната провинција Вискаја, а запленети се 12 возила и опрема за бродска навигација.
Властите отворија истрага откако Цивилната гарда во јуни запре две возила во североисточната провинција Сарагоса, при што откри 100 килограми кокаин и уапси две лица.