Тајни за производите кои супермаркетите не сакаат да ги знаете!

Од:

24 сата – Загреб

Купувањето на намирници е активност за која не се размислува многу. Се прави список на потребните работи, се оди во најблискиот шопинг центар, се избира плаќа и тоа е тоа.

Меѓутоа, слабо се забележува дека секоја продавница е добро уиграна машина на која единствена цел е да се потроши што повеќе. За да го постигнат тоа, сопствениците се служат со разни трикови.

1. Преминот до касата е тесен со причина

Често се случува купувачите, чекајќи на ред за плаќање да сфатат дека нешто што земале сепак не им треба и сакаат тоа да го вратат на полицата, но во теорија звучи многу полесно отколку во пракса бидејќи во преминот едноставно нема доволно место за да се вратите назад. За да се избегне непријатноста и компликациите, одат по метод на помал отпор и се одлучуваат да го задржат производот. Е па, во тоа е и трикот.

2. Прскањето на овошјето и зеленчукот не ги одржува свежи

Има само две причини зошто свежите производи се прскаат со вода во супермаркетите, но ниту една од нив нема врска со одржување на свежината. Пред се, оваа пракса се спроведува овошјето и зеленчукот да изгледаат поатрактивно, а потоа и повеќе да тежи на вага. Не само што водата не ги освежува, туку од неа можат само побрзо да скапаат.

3. Свежите намирници се нечисти

При избор на овошје и зеленчук луѓето имаат навика да ги земат во рака за да проверат колку се зрели. Рака по рака, намирница по намирница, се собира голем број на бактерии. Неколку капки вода за свежина не го поправаат тоа. Треба добро да се измијат производите пред да се конзумираат.

4. Редот до касата е полн со слатки искушенија

Сите тие шарени списанија, слатки, мастики за џвакање и секакви технолошки ситни предмети се наоѓаат веднаш до касите само затоа што сопствениците на продавниците знаат дека на купувачите им паѓаат во очи додека чекаат ред да платат. Секој барем еднаш купил некоја ситница која не ја планирал.

5. Ја обновуваат неисправната храна

Производителите на храна мора да внимаваат на трошоците па не можат да си дозволат фрлање на секој производ со наводен дефект. Ако на храната и поминал рокот на траење или има мали неправилности на пакувањеот, често се враќа од продавницата назад на препакување.

6. Месото и рибата знаат да бидат погрешно етикетирани

Етикетите на производите најчесто се лепат според произволна проценка на трговците бидејќи многу е очигледна разликата на пример меѓу пилешкото и свинското. Но, тоа треба да се земе со резерва. Кај рибата можностите за грешки се многу поголеми. Истражувањата покажуваат дека дури една третина риби погрешно се етикетирани, па може да се случи скапа риба да се замени со поефтина која е слична на неа.

7. Рокот на траење не е точен

Ако се ближи истекот на рокот на траење, а производот се уште изгледа прилично добро, трговците се овластени едноставно да ја заменат етикетата со таа назнака. Таквото продолжување на рокот може да се развлече и на повеќе од една недела. Тоа ја објаснува ситуацијата во која некој ќе купи јогурт кој е со рок на траење, а на неговата површина се гледа мувла.

8. Многу производи од каталог со намаленија не се всушност на намаление

Купоните со производи кои се наводно на акција, не се измислени за да заштедите пари, туку купувачите да купат производ кој не им треба само затоа што е на намаление. Секогаш треба два пати да се провери вистинската цена, бидејќи често се случува акциската цена да е иста како и регуларната.

9. Продавниците знаат да работат иако не ја поминале инспекцијата

Рестораните во овој случај се во немилост бидејќи невозможно е да продолжат да работат пред да ја поправат штетата. Со супермаркетите е поинаку поради нивната големина и количина на производите, па потешко можат да се контролираат. Купувачите смеат да ја бараат на увид оценката на продавницата, која не е јавно достапна ни откако ќе помине инспекција. Трговците не се законски обврзани да ги информираат на тој начин.

10. Полиците се редат стратегиски

Се смета дека луѓето најверојатно го купуваат тоа што ќе им падне во очи, тоа е причина зошто најскапите производи се наредени во висина на очите, а нивните поефтини намирници непосредно се под нив. Детските играчки често се спуштени пониско од погледот на возрасните, за да ги забележат децата, а потоа да инсистираат да им се купат.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ