Средба – Манчевски со Беата Мартин Розумилович и Јан Хаукас

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска се сретнаа со високи претставници на ОБСЕ, Беата Мартин Розумилович, директорка на Департманот за избори и Јан Хаукас, специјалниот претставник на ОБСЕ во Виена.

На средбата се разговараше за текот на преговорите за изборното законодавство и можностите преку коишто мисијата на ОБСЕ може да помогне во имплементацијата и мониторингот на договореното во рамки на преговорите.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски ја истакна важната и клучна улога на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија и рече дека позициите на СДСМ во текот на преговорите коишто треба да гарантираат имплементација на Договорот од Пржино, се во насока на изнаоѓање решенија во согласност со препораките од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР.

Потпретседателот Манчевски рече дека во овој клучен политички процес, СДСМ активно го вклучува граѓанскиот сектор којшто секогаш треба одблиску да ги следи политичките процеси во државата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ