ЛДП на 25-годишнината од работењето на фондацијата Фридрих Науман во Софија

Од:

„Делегација од Либерално-демократската партија, предводена од претседателот на ЛДП, Горан Милевски, престојува во Софија, Р. Бугарија на собир на либералите од југоисточна Европа, која е дел од прославата на 25-годишнината од работењето на германската фондација за слобода, “Friedrich Naumann Foundation”.

Меѓу присутните учесници на конференцијата се и претседателот и генералниот секретар на Либералната интернационала, Џули Миновес и Емил Кирјас, претседателот и потпретседателот на АЛДЕ групата, Сер Греам Вотсон и Ханс Ван Баален, поранешниот премиер и на Р. Бугарија, царот Симеон Саксобурготски и бројни европратеници, пратеници во националните парламенти, министри во националните влади од Европа и останати истакнати либерали.

На собирот главна тема е либерализмот, како политичка платформа и платформа на нови вредности, како нов модел за проширување на Европската Унија. Воедно, во целодневните дискусии од учесниците, неминовно добар дел од излагањата беа посветени на моменталната бегалска криза со која се справува Европа во изминатиот период“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство