Холандската полиција уапси на железничката станица во Ротердам маж кој денеска се заклучи во тоалетот на брзиот меѓународен воз на линијата Амстердам-Париз.
Полицијата соопшти дека мажот е уапсен без инциденти и оти засега нема нови информации.
Возот претходно денеска е запрен во холандскиот град Ротердам а патниците се евакуирани, откако еден вооружен маж се заклучи во тоалетот.
Според очевидците, мажот кај себе имал бомба.
Претходно дел од медиумите соопштија дека нема индикации оти мажот кој се заклучил во тоалетот е вооружен и дека на местото се наоѓаат специјалци кои се обидуваат да разговараат со него.
Компанијата која ја држи меѓународната железничка линија „Талис“ од Париз до Амстердам преку Брисел, соопшти дека нема опасност по патниците.