Напаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ ги избра Версај за ново место на живеење, односно вила во паркот Шошар, за која месечно ќе одвојува 40 илјади евра.
Ибрахимовиќ, кој летово од Милан прејде во ПСЖ, промени неколку апартмани, пред да се пресели во овој луксузен крај.
Најпрво живееше во хотелот Интерконтинентал, па во Вила Монморанс, во улицата каде што живее поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, за на крај да се одлучи за Версај.