Оланд: Шенген зоната е во опасност, ако не се реши бегалската криза

Од:

Претседателот на Франција Франсоа Оланд вчера предупреди дека доколку бегалската криза не биде решена Шенген зоната ќе се најде во опасност.

Европската унија се обидува да ја реши најголемата бегалска криза од Втората светска војна, а Германија, Австрија и Словачка поради големиот прилив на бегалци повторно воведоа погранични контроли, спротивно на одредбите од Шенгенскиот договор.

Според Оланд Шенген зоната може да се најде во опасност доколку не бидат воспоставени центри за регистрирање во кои ќе се одделат бегалците од економските мигранти и ќе обезбеди поделба на барателите на азил.

Францускиот претседател истакна дека доколку не се контролираат надворешните граници на ЕУ, државите на овој или оној начин ќе воспостават национални граници.

– Ќе бидеме обврзани повторно да воспоставиме гранични премини, контроли и тоа ќе биде крај на Шенген во смисла на контролиран простор што овозможува слобода на движење, истакна Оланд.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток