Сиромаштијата „тропа на вратата“ на Германците

Од:

Според Сојузниот завод за статистика, минатата година секој петти Германец бил сиромашен.

Податоците покажуваат и дека жените се потешко погодени од сиромаштијата отколку мажите.

Според податоците на Заводот, минатата година животот на околу 16 милиони луѓе бил оптеретен со сиромаштијата, односно не можеле да ги плаќаат тековните сметки, или барем секој втор ден да имаат пристоен оброк, да одат на одмор или да си дозволат автомобил.

Особено тешка е ситуацијата кај жените, каде квотата на сиромаштијата изнесува 21,3%,  19.9% од младите под 18 години биле сиромашни, додека кај лицата над 65 години процентот е помал 15.3%.

Бројот на сиромашни лица помеѓу 18 и 64 години е поголем од германскиот просек, покажува статистиката, која и го дефинира поимот за сиромаштија – секој оној кој заработува помалку од 60% од просечната заработка се смета за сиромашен.

Во Германија долната граница на заработката е 848 евра месечно.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија