Заев: Случаите „Монструм“ и „Маѓар телеком“ ќе бидат надлежност на специјалниот обвинител

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не ја исклучува можноста Специјалниот јавен обвинител да ги разгледува и случаите „Куманово“, „Монструм“, „Маѓар телеком“.

Законот е јасен, имав навистина прекрасен тим од наша страна којшто работеше на законското решение, секако заедно со претставниците на другите политички партии. Но она што го знам таму е јасно прецизирано – `се што е поврзано и произлегува од неовластеното и незаконското прислушување, од содржината на неовластеното и незаконското прислушување. Ако има телефонски разговори, за Монструм, а за тоа има, јас објавив, е основ да биде работа на специјалниот јавен обвинител. Ако покрај материјалните докази за Телеком, постојат и телефонски разговори, веќе станува предмет за работа на специјалниот јавен обвинител. Тоа оставам специјалниот јавен обвинител да го утврди, затоа што, нели, меѓу другите обврски коишто се превземени, наша обврска е материјалите да ги предадеме на специјалниот јавен обвинител, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски