Бугарија распоредува 1.000 војници на границата со Турција

Од:

Бугарија денеска започна со распоредување на 1.000 војници на границата со Турција поради комплицираната ситуација со зголемениот бран бегалци, соопшти министерството за внатрешни работи на земјата.

Разместувањето на војската ќе се врши чекор по чекор, долж границата со Турција, се наведува во соопштението.

– Изминатите неколку дена дојде до промена на ситуацијата и тешко е да се предвиди каде ќе се насочи бранот бегалци, затоа сме подготвени, изјави бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев за радио БНР.

Утринава на границата се испратени 50 бугарски војници, а уште 160 би можело да бидат распоредени до крајот на денот, истакна Ненчев.

Бугарија презема дополнителни безбедносни мерки, по информациите дека стотина сириски бегалци ја минале ноќта на отворено во близина на турско-грчката граница, која е во непосредна близина на турско-бугарската граница.

Изминатите 24 часа околу 600 бегалци се обиделе да минат од Турција во Бугарија, но се откажаа од намерата откако увидеа како добро е чувана таа граница, изјави главниот секретар на бугарското министерство за внатрешни работи Георги Костов.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ