Нова демократија ќе ги покани сите партии да формираме влада на „соработка, разбирање и национална одговорност“, ако победи на изборите во недела, изјави лидерот на конзервативците Вангелис Меимаракис.
– Треба да се изградиме односи на доверба меѓу нас, рече тој на предизборен собир на плоштадот Гази околу кој се повеќето атински ноќни клубови и се смета за „епицентар“ на ноќниот живот во грчкиот главен град.
– Не можеме повеќе да се делиме, или секогаш да се зборува за старото и новото. Сите заедно можеме да направиме подобро, рече Меимаракис и ги повика младите луѓе да не апстинираат од изборите.
Тој исто така се осврна на она што го нарекува „левичарски митови“ и истакна дека посиромашните социјални групи беа најтешко погодени од левичарските режими, како што е, на пример, користење на бесплатно универзитетско образование.
Меимаракис, јасно стави до знаење дека има намера да го укине новововедениот ДДВ од 23 отсто за приватното образование и нагласи дека не дава празни ветувања.