Еден припадник на Хамас е убиен во израелскиот воздушен напад, одговор на жестокиот ракетен напад од поасот Газа, во кој беа ранети три лица, од кои двајца се во критична состојба.
Официјалните лица на Хамас изјавија дека израелската страна испалува и тенковски оган.
Израелската полиција соопшти дека повеќе од 40 ракети и мини паднале во Израел.
Денеска училиштата кои се наоѓаат во градовите до границата со појасот Газа, се затворени, а на жителите им е речено да не излегуваат надвор.