ЛДП: Новата зграда на ЈП „Водовод и канализација“ премногу ги чини граѓаните

Од:

Веќе четири дена се создаваат огромни гужви пред шалтерите за наплата на Јавното препријатије „Водовод и канализација“ Скопје.

Граѓаните нервозни чекаат во редици и повеќе од пет часа да дојдат на ред до шалтерите и да приговорат на неосновано поднесени тужби, решенија за извршување и опомени, кои се резултат на неорганизираното и хаотичното работење на Јавното препријатије. Скопјани реагираат дека добиваат тужби, решенија за извршување и опомени и за само една неплатена сметка или пак, тие им пристигаат и поред тоа што ги платиле сите сметки.

Либерално-демократската партија го повикува раководството на „Водовод и канализација“ итно да ги отстрани недостаоците и неодговорностите во своето работење, со што би престанало неоправданото малтеретирање на граѓаните. За да биде иронијата уште поголема, сметките за наводно потрошена вода, во најголем дел, се наплаќаат паушално, без повеќегодишно мерење на потрошената вода. Очигледно е дека изградбата на новата и прескапата зграда на “Водовод и канализација“ во т.н. барок стил, е бунар без дно и премногу ги чини и во иднина ќе ги ги чини граѓаните на главниот град поради презадолженоста за оваа зграда, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство