„Народно движење за Македонија бара од Собранието на Република Македонија да го разреши Народниот правобранител Иџет Мемети.
Имено, Иџет Мемети се жали по медиумите за негово попречување во истрагата за случајот со незаконското прислушување и бобите кои ги обавува опозицијата, а од друга страна свесно го крши истиот закон кога тоа е во корист на Албанците во земјата.
Така, законска надлежност на Народниот правобранител е и преземање акции и мерки за заштита на принципот на соодветна и правична застапеност заради достигнувањето на официјалната бројка од 25,17 отсто Албанци во администрацијата.
Меѓутоа, бројот на Албанците во некои институции надмина и 50 отсто, и ова е флагрантно излегување вон рамката на рамковниот договор во корист на Албанците и неспроведување на законот од страна на правобранителто Мемети.
Еве неколку шокантни податоци за застапеноста на Албанците.
Во македонската влада од 2.722 вработени, Албанци се 1.535 или 56,4 отсто, Македонци се 672 или 24,7 отсто, а 515 вработени или 18,9 отсто се Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Понатаму, во министерството за локална самоуправа дури 57 отсто се административци – Албанци, во министерството за економија 34 отсто, во министерството за животна средина и просторно планирање 30 отсто, во министерството за здравство 44 отсто, во министерството за култура 33 отсто, во министерството за образование и наука 28 отсто, додека, пак, во министерството за правда нивната застапеност е 30 проценти…
НДМ располага и со податци според кои од 30 до 70 отсто се административци – Албанци и во повеќе самостојни државни органи (агенции, дирекции, комисии, заводи).
Оттука, НДМ во смисла на член 9 од Законот за Народниот правобранител бара разрешување на Иџет Мемети поради нестручно, пристрасно и несовесно вршење на функцијата Народен правобранител“, се вели во соопштението на НДМ.