Наградени најдобрите дипломирани студенти на УКИМ

Од:

На најдобриот универзитет секогаш студираат најдобрите студенти, порача денеска ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје Велимир Стојковски на доделувањето награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти во учебните 2012/2013 и 2013/2014 година.

За учебната 2012/2013 година, ректорот Стојковски додели награди и пофалници на 22 студенти, меѓу кои се Божанка Ристова од Факултетот за земјоделски науки и храна со средна оценка 10,00, Весна Матеска од Економскиот факултет со средна оценка 10,00, Јасмина Трпеска дипломирала на Машински факултет со средна оценка 10,00, Климент Махоски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство со средна оценка 10,00….

За учебната 2013/2014 наградени беа 22 дипломирани студенти од кои шест се со успех 10,00. Меѓу најдобрите се  Александар Тодоровски од Правниот факултет, Анастасија Јакимова од Факултетот за ветеринарна медицина, Нада Тофоска од Филозифскиот факултет…

Со решение од ректорот на УКИМ денеска беше доделена и наградата „26 јули“ за која средствата се обезбедени од Фондацијата „Франк Харкорд Манинг“ од Лондон. Наградата ја добија Даниела Здравковска, Кристина Стаменова, Зулеха Тахири, Маја Вељанова, Горјан Анстасов, Марија Кичевска и Аделина Фејза.

Паулина Грнарова од Факултетот за електротехника и информациски технологии која дипломирала со средна оценка 9,97, магистрирала во Лозана, вели дека планира да продолжи и со докторски студии во Швајцарија.

– Факултетите во Швајцарија се многу добро рангирани и се едни од првите во светот. Истражувачките институции се многу добри, а нудат и многу можности, и се чувствувам дека можам да постигнам било што, дали сакам кариера во индуструија или пак на факултет. Има квалитетна програма и професори, истакна Грнарова.

Таа досега не добила никаква понуда за работа во Македонија, и планира својата кариера да ја продолжи надвор од земјава.

Традиционално награди за најдобрите студенти додели и професорот Димитер Стамболиев од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот