(ВИДЕО) Жерновски: Ниту планирам, ниту ќе градам нова општинска зграда

Од:

Градоначалникот на општина Центар денеска повтори дека нема намера да гради нова општинска зграда која според планот донесен од 2012 година е предвидена да биде 50 метри.

-Уште еднаш сакам да повторам, ниту планирам, ниту ќе градам општинска административна зграда, а целото зеленило останува. Министерството за транспорт и врски ми порача: на местото на општинските бараки да направам зелен појас. Јавно прифаќам тука да има зелен појас, но не само тука, туку и кај ПУИК. Да си подадеме рака, да го договориме ова, во интерес на граѓаните, рече Жерновски.

Тој повика Владата да го врати градежното земјиште во владеење на Центар, наместо да прогчасува објекти од посебен интерес.

-Има само еден чекор. Владата да го врати градежното земјиште на општина Центар, за да не биде општина Центар единствена општина која го нема во владение ова земјиште. Во тој случај, ниту ќе има станбена зграда од “посебен интерес“ кај ПУИК, ниту ќе има катна гаража. За враќање на земјиштето ние ги исполнуваме сите услови, иако добивме допис од Министерството за транспорт и врски дека наводно не сме ги исполнувале.

-Од посебен интерес можат да бидат болници, училишта, градинки, но не и хотелски комплекси, катни гаражи или станбени објекти. Градежната мафија на Груевски царува, рече Жерновски.

Тој ги повика сите невладини организации и сите граѓани да се изборат со оваа узурпација во општина Центар, понајновата информација дека планираната катна гаража во градски парк за време на одморите се претвори во хотелски комплекс од сто метри висина.

Жерновски го прифаќа предлогот кој се појави на социјалните да се прогласи мораториум за градење во Дебар Маало.

– Ние сме на иста страна. Да нема градежни активности и да остане зеленилото, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство