Норвешката министерка за одбрана на посета во Скопје

Од:

Во днодневна посета на Македонија е норвешката министерка за одбрана, Ан-Грете Стром-Ериксен, која утре ќе присуствува во Центарот за обука „Пепелиште“ на вежбата „Безбедносна патека-2012“.

Министерството за одбрана на чија покана пристигна министерката најави дека на средбата со Фатмир Бесими ќе разговараат за билатералната соработка во областа на одбраната, а и за донацијата на лесно-маневарската полска болница ROLE-2, која официјално ќе биде предадена за време на медицинската вежба „Безбедна патека-2012“.

Кралството Норвешка подолго време е поддржувач на реформите на одбраната во Република Македонија, а воедно е донатор во неколку клучни проекти како што се:прераснувањето на Регионалниот тренинг центар за комуникации во Центар за обука на Партнерството за мир, поддршка на Воено-медицинскиот центар и проектот за ресоцијализација на воен персонал „Лепеза“.

Како што соопшти МО, со поддршка на Кралството Норвешка, Република Македонија исполнува значаен критериум во декларираните единици на земјата за учество во мировни мисии преку развој на подвижната болница од ниво 2. Со исполнувањето на оваа цел, со подвижна болница ќе се организира, опремува и подготвува поддршка за операциите предводени од НАТО.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски