Сметките на француските списанија„Воаси“ и „Клоусер“ и на журналот „Пиблик“ ќе бидат полесни за 1.500. тоест 1.000 евра.
Францускиот суд ги казни поради тоа што објавиле фотографии на пријателката на претседателот Франсоа Оланд, Валери Тривелер во бикини.
Тривилер бараше многу повисоки казни – од 20.000 до 25.000 евра поради нарушување на приватноста.
Фотографиите се снимени за време на летниот одмор на Оланд и неговата сопатничка на еден остров во Средоземно Море.