Прв академски час за околу 3.000 бруцоши на штипскиот универзитет

Од:

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Блажо Боев денеска присуствуваа на првиот академски час за студентите запишани во прва година на Факултетот за Медицински науки, Факултетот за Правни науки и на трите Академии за филмска, музичка и ликовна уметност.

– Во оваа прилика би сакал да им честитам на сите новозапишани студентите на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, а би сакал да им честитам и на сите новозапишани студенти на сите универзитети во земјава. Мене ми претставува задоволство што денес сум овде заедно со новиот ректорот на УГД,  Блажо Боев, во оваа прилика би му посакал и исклучителен успех во работата во манадот што му следи, а исто така би сакал да честитам и на успешната работа на досегашниот ректор, Саша Митрев, со што Штип стана и центар на образованието, истакна Ристовски.

Ректорот на УГД-Штип,Блажо Боев кој и од вчера е официјално на оваа функција вели дека е задоволен што на штипскиот универзитет се запишани околу 3.000 нови студенти.

-Ова е традиција која што на универзитетот се одржува веќе девет години, а ова е и првиот академски час за студентите кои се запишани во прва година. Бројката на ново запишани студенти е некаде околу 3.000. Во оние консталации кои што се случуваат во Република Македонија во поглед на високото образование ние сме задоволни од она што се случува на универзитетот и студентите ќе бидат задоволни што се запишале на нашиот универзитет, вели Боев.

Тој истакна дека во текот на наредниот период предизвик ќе му биде студентите да добијат квалитетна настава , а од инфраструктурните проекти да се изгради Студентски дом, за кој потреба имаат студентите од скоро сите градови во земјава, но и од странство.

Заменик министерот за образовнаие, Ристовски вели дека како ресорно министерство имаат план за решавање на проблемот со Студенсткиот дом.

-Имаме план, ние со поранешниот и новиот ректор заеднички да процениме, каде,  во која фаза, и со колкав капацитет ќе се пристапи, во насока во обезбедувањето на дополнителни студентски места. Така да тоа е во рамките на приоритети кои што како министерство и со раководството на универзитетот ќе ги реализираме во следниот период, вели Ристовски.

На останатите факултети на штипскиот универзитет во Штип, Струмица, Кавадарци, Кочани, Виница, Скопје, Гевгелија, Прилеп и Радовиш првиот академески час за студентите од прва година се одржа во Кампусите каде што се сместени.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Ќе се прави анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултетите

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија