Северна Кореја тврди дека е обновена работата на нуклераниот реактор Јонгбјон

Од:

Севернокројеските власти соопштија денеска дека е обновена работата на главниот нуклеарен комплекс и реакторот Јонгбјон.

Според соопштението што го пренесува државната агенција КЦНА, Северна Кореја го унапредила своето нуклеарно оружје-во квалитет и во квантитет.

Нуклеарниот реактор Јонгбјон, беше затворен во 2007 година, но властите во Пјонгјанг во 2013 година тврдеа дека тој ја обновил својата работа, откако беше соопштено дека е извршена третата нуклеарна проба.

Реакторот е изборот за добивање плутониум, неопходен за изработка на севернокорејското атомско оружје. Странски експерти веруваат дека доколку информациите од Пјонгјанг се точни, Севернокорејците би можеле да прозведуваат по една бомба годишно.

Во 2007 година, реакторот беше затворен врз основа на договорената програма-разоружување за помош, но две години подоцна, властите на Северна Кореја им забранија влез на меѓународните инспектори, откако земјата се повлече од преговороте за разоружување.

Сегашното соопштение за обнова на работата на нуклеарниот реактор Јонгбjoн, доаѓа пред големата прослава во Пјонгјанг за одбележување на 70 годишнината на владеачката Работничка партија.

По тој повод на 10 октомври ќе се организира голема воена парада.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт