Бајден: САД ќе го поддржат членството на Црна Гора во НАТО

Од:

Американскиот заменик претседател Џо Бајден порача на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ дека САД се подготвени да го поддржат членството на Црна Гора во НАТО, доколку државата продолжи со реформите и ја зајакне поддршката на јавноста за членство во Алијансата.

Бајден во телефонски разговор со Ѓукановиќ нагласил дека доколку  Црна Гора продолжи со напредокот во тие области, САД се подготвени да поддржат испраќање покана за членство на Црна Гора на декемврискиот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата, пренесува Радио телевизија Црна Гора.

Ѓукановиќ истакнал дека Црна Гора е целосно посветена на реформите и дека уште посилно ќе продолжи со исполнување на обврските во процесот за приближување кон НАТО и ЕУ.

Бајден и Ѓукановиќ изразиле согласност дека членството во НАТО цврсто ќе ја поврзе Црна Гора со евроатлантските институции, ќе придонесе за регионалната стабилност на Балканот и ќе го потврди кредибилитетот на НАТО политиката на отворени врати.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ