Предностите на сокот од јаболко

Од:

Иако јаболкото не може да излечи ниедна болест, нивното секојдневно конзумирање може да ја спречи појавата на многу здравствени проблеми.

Јаболкото е вистинска ризница на состојки кои позитивно влијаат на нашиот огранизам, диеталните влакна, витамините C, A, E, B1, B2, B6, бета-каротенот, минералите, калиум, калциум фосфор, магнезиум и железо.

Благодарејќи на големиот процент јаглени хидрати, особено на фруктозата и глукозата, јаболкото го снабдува огранизмот со енергија, го спречува уморот и губењето на концентрација.

Бидејќи нема маснотии, а содржи до 90% вода, јаболкото успешно ја гаси жедта и освежува по напорен тренинг. Во него се крие и серотонинот, па зголемувањето на расположението е поуспешно дури и од јадењето на чоколадо.

Доколку сакате сок од јаболка, правете го со кората, затоа што во неа се наоѓа витаминот A. Пожелно е да се пие сокот чист без додавање шекер. Заедно со млеко и мед е одличен за нервниот систем бидејќи го смирува.

Исто така сокот од јаболка го намалува ризикот од добивање срцеви болести, ризикот од појава на астма и болести на бубрезите и црниот дроб. Благодарејќи на калиумот кој го поттикнува исфрлањето на вишокот течности во организмот, поради кој е одличен за слабеење.

Одличен е и за лицата кои боледуваат од артртис и реума, ги подобрува функциите на цревата, го подобрува варењето и ги елиминира штетните материи од организмот, а содржи и антиоксиданти.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска