МВР: Издадени 75.804 потврди за намера за азил

Од:

На 718 странски државјани во изминатото деноноќие им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Такви потврди од 19 јуни досега се издадени на 75.804 странски државјан, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, од 8 часот вчера наутро до 8 часот изутрината, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Триесет и шест барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, три барања се од државјани од Пакистан и Авганистан од кои четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 6 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита едно малолетно лице, без придружба на старател е згриженo на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина