Канцеларот на Германија Ангела Меркел го информираше денеска во телефонски разговор австрискиот колега Вернер Фајман дека германските власти имаат намера да воведат контрола на границата со Австрија и на самото место да утврдуваат кои мигранти немаат право да добијат статус на бегалец.
Според информациите на австриските весници „Пресе” и „Круне“ кои ја пренесуваат информацијата на своите интернет страници, цитирајќи извори од австриската влада, овие проверки може да почнат уште оваа вечер.