(ВИДЕО) СДСМ: Смртта на родилки и бебиња е вина на системот на Тодоров и Груевски

Од:

„Трагедијата што ги потресе Тетово и пошироката јавност, во којашто животот го загуби 33 годишна родилка поради нестручно породување, е уште еден силен аларм за нефункционалноста на здравствениот систем во Македонија.

Сведоци сме на повеќе смртни случаи на родилки и новороденчиња за време на актуелната власт“, рече на денешната прес конференција Даниела Настова Пиштолова од Форумот на жени на СДСМ.

„Во Битола, млада жена го загуби животот за време на царски рез. Родилка од Велес умре на породување. Бебе во Прилеп почина 60 часа по породувањето, откако примило вакцина во заспана состојба. Брзо по раѓањето починаа новороденчиња од Студеничани и Шуто Оризари…

Недозволиво е во 21-от век да умираат новороденчиња, да умираат млади жени во породилиштата, да оставаат деца сирачиња, а од друга страна да се повикува на зголемување на наталитетот и многудетни семејства од страна на неодговорната власт.

Фотографиите од породилиштата низ Македонија, коишто изминатиов период ги преплавуваат медиумите, покажуваат стравични, нехумани и нехигиенски услови каде што на свет доаѓаат новороденчиња.

Секоја недела во тетовската болница се води постапка за некој лекар, граѓаните постојано пријавуваат нови случаи, призна директорот на тетовската болница Фљорим Бесими.

Ова е доволен доказ, дека покрај индивидуалната одговорност кај нестручни или несовесни кадри, постои и институционална системска вина што ја дозволуваат министерот за здравство Никола Тодоров и премиерот во заминување Никола Груевски.

Наместо да ги напнуваат граѓаните со медиумските кампањи, потребно е на граѓаните да им се обезбедат нормални животни услови.

За тоа да се случи, 10-годишната неодговорна власт мора да си замине.

Форумот на жени на СДСМ сочувствува со сите семејствата каде што има ваква трагедија.

СДСМ порачува дека институциите на системот ќе профункционираат и одговорност од надлежните ќе има“, изјави Даниела Настова Пиштолова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ