Грабеж на бензиска во Куманово

Од:

Две непознати лица ноќеска ја ограбиле бензинската пумпа „Китка Петрол“ лоцирана на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населбата Карпош.

МВР соопшти дека 25 минути по полноќ две машки лица маскирани со фантомки на глава, ракавици и пиштоли во рацете, влегле во бензинската пумпа. Едното лице му вперило пиштол во глава на вработениот и два пати го удрило со пиштол во предел на главата, му ги одзел парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката. Другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана и барало пари.

Сторителите, според МВР, одзеле повеќе кутии цигари и лименки со пијалоци, по што побегнале во непознат правец. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на непознатите лица.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби