Бразилската полиција навести дека сака да го испрашува поранешниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, во врска со корупцискиот скандал во нафтената компанија „Петробрас“.
За да се испрашува поранешниот претседател полицијата веќе побарала дозвола од Врховниот суд на Бразил, но Лула им изјави на новинарите дека засега се уште нема примено никакво барање од полициските власти.
Полицијата и обвинителството велат дека немаат докази за директната вмеѓаност на Лула со скандалот, но дека сакаат да утврдат далипораншениот претседател има обезбедно било лалва полза за себе или за партијата, според шемата која функционирала околу „Петробрас„.
Обвинителство тврди дека разни компании и фирми им давале поткуп на низа бразилски функционери, за да обезбедат за себе вносни зделки со државната нафтена компанија на Бразил.
Скандалот со „Петробрас„ е најголемиот во бразилската историја, затоа што голем број високи бразилски функционери се осомничени дека барале и земале поткуп, или пак дека бил дел од корупциската шема.
Неколкумина од нив , меѓу кои и двајца високи функционери на владечаката Работничка партија, веќе се уапсени и обвинети, а врз актуелниот претседател и лидер на оваа партија Дилма Русеф, која едно време беше и претседавач на „Петробрас„ се врши силен притисок да поднесе оставка, обвинувајќи ја дека е дел од корупцискиот скандал.
Бразилскиот Врховен суд засега нема донесено одлука за полициското сослушување на поранешниот претседател Лула.