Во водите на Преспанското Езеро од општина Пустец заплови туристичко бродче кое функционира на соларна енергија и кое ќе служи за промоција на туристичките вредности на оваа општина.
На инагурацијата освен градоначалникот Едмонд Темелко и жители на општината, присуствуваше и префектот на Корча, Ардит Кономи.
Соларното бродче, Општината го доби во рамки на заедничкиот проект со општина Преспа, Грција.
Станува збор за проектот „Green Boat“ (Зелен брод) финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка.