Отворена изложба од Меѓународната струмичка ликовна колонија

Од:

По повод Денот на ослободувањето на Струмица, синоќа во изложбениот салон на центарот за култура „Антон Панов„ беше отворена изложбата на дела создадени на годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Изложбата ја отвори Горан Тренчовски, кој истакна дека и годинава, уметниците преку своите креации оставија дел од својата душа, како непроценлив дар во богатата ризница на оваа најстара ликовна манифестација на Балканот.

– Работени во најразлични техники, масло на платно, акрил на платно, дрво во различни комбинации, графики и линорез во боја, делата во себе ни го откриваат моменталниот трепнеш на уметничкиот ген на годинашните 18 учесници од земјата и странство. Нивните дела се извори, каде можеме да се напојуваме со нектарот на уметноста, рече Тренчовски.

Меѓународната струмичка ликовна колонија е под покровителство на Министерството за култура и општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени во сите училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

Осуденик излегувал од затвор за да краде и ограбува

Сообраќајка во центарот на Струмица, повредени се момче и малолетничка