Компанијата Резвани официјално го претстави својот нов модел „Бист Спидстер“, што претставува послаба верзија на моделот „Бист“.
Спидстер има лесна каросерија изработена од јаглеродни влакна и 2,4 литарски мотор со 300 коњски сили што е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 3,5 секунди.
Изгледот на моделот во најголем дел е идентичен со претходниот модел, а впечатливи се додатоците како „малите кожни елементи“ на седиштата од јаглеродни влакна, воланот и рачката на менувачот.
Цената на новиот ѕвер од Резвани ќе изнесува околу 123.000 евра, а наскоро се очекува уште една изведба, што ќе биде претставена до крајот на годината.