Украдени 50 очила за сонце од продавница во Ѓорче

Од:

Непознат сторител вчера од продавницата за очила „Белла Виста“ во Ѓорче Петров украл 50 очила за сонце разни марки, во вредност од околу 360.000 денари.

– Вчера во 03:00 часот во Скопје на ул.„ Ѓорче Петров“ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во продавницата за очила „Белла Виста“ од каде одзел околу 50 очила за сонце разни марки, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 360.000 денари, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби