МВР издаде потврди на 958 странски државјани

Од:

МВР соопшти дека во периодот од 8:00 часот вчера до 8:00 часот денеска издадени се потврди на вкупно 958 странски државјани. Од нив 665 се од машки пол, 155  се од женски, 107 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 32 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-806,  Авганистан –80, Ирак-44, Палестина-15, Пакистан-седум, додека другите се во помал број.

– Во периодот од 19 јуни до 8:00 часот до денеска издадени се потврди на вкупно 69.743 странски државјани, од кои, 46.913 се од машки пол, 9.610 се од женски, 11.360 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.860 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, стои во соопштението.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-56.617, потоа Авганистан-4.166, Ирак-3.260, Пакистан-1.983 Палестина-823, Сомалија-583, Бангладеж-477, Конго-328, Нигерија-208, Камерун-163 Еритреја-146, Етиопија-117, Судан-103, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 8:00 часот вчера до 8:00 часот денеска до Одделението за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

– Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, се додава во соопштението.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите од машки пол. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 1 баратели на азил – малолетно лице е без придружба на старател е згрижен на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци