Викендов и во понеделник без струја корисниците од Центар, Гази Баба, Илинден и Ѓорче Петров

Од:

Без струја во сабота, недела и понеделник ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Гази Баба, Илинден и Ѓорче Петров, информираат од РЦУК Скопје.

Во сабота  без електрична енергија од 08:00 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од ул. Кеј 13-ти Ноември во општина Центар.

Во недела од 08:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од населба Илинден – фирмите: Гама Инвест, Делта Комерц, Дени Шпед, Дета Деан и Рио Кафе во општина Илинден, како и дел од корисниците од населба Хиподром и Маџари, во општина Гази Баба.

Во понеделник од 08:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Мајаковски броевите 1 и 3 во општина Центар, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Волково, улиците 101, 24, 56, 58  во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 15.08.2025 изнесува 73,22 евра за мегават час, на МЕМО 83,07 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 08.08.2025 изнесува 77,96 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски