Во Сенатот на САД блокирана резолуцијата против спогодбата за иранската нуклеарна програма

Од:

Резолуцијата против спогодбата за иранската нуклеарна програма, поддржана од републиканците, беше блокирана во американскиот Сенат, што претставува значителна надворешно-политичка победа на американскиот претседател Барак Обама.

Обама го поздрави гласањето во Сенатот на САД и изјави дека блокирањето на резолуцијата е победа за дипломатијата и безбедноста на САД и светот.

– Задоволен сум што толку многу сенатори ја оценија како суштинска таа спогодба и сум мошне задоволен од силната поддршка како на конгресмените, така и на граѓаните, рече Обама.

Демократите ја отфрлија резолуцијата за неприфаќање на спогодбата. За време на гласањето, документот беше поддржан од 58 сенатори, а 42 гласаа против неа. За усвојување на резолуцијата беа потребни најмалку 60 гласа.

Резултатот од гласањето значи дека резолуцијата нема да се активира и оти договорот со Иран без препреки ќе оди во натамошните процедури во Конгресот.

Републиканците сепак се одлучни да продолжат да се борат против спогодбата. Нивниот лидер во Сенатот Мич Мекконел веднаш презеде чекори, кои ќе дозволат ново гласање во Горниот дом на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) Иран објави видео: Вака удривме на Израел

Иран му се обрати на Вашингтон: Пораката е јасна и не е добра

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации