Средба на лидерот на СДСМ Заев со амбасадорката на ОБСЕ Соумалаинен

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со новоименуваната амбасадорка на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Соумалаинен, на која разговарале за актуелната состојба во државата и за соработката со мисијата на ОБСЕ.

Како што информира СДСМ, Заев ја запознал Соумалаинен со причините за политичката криза и за излезните решенија договорени со меѓународно посредништво и истакнал дека решавањето на кризата зависи од целосна имплементација на договореното од 2 јуни / 15 јули.

Заев очекува дека деновиве преговорите за законското решение за специјалниот јавен обвинител ќе имаат позитивен исчекор.

– Специјалниот јавен обивнител мора да има целосна автономија и гаранции за независност во работата. Само со такви гаранции специјалниот јавен обвинител би можел да го истражува нелегалното прислушување и делата кои произлегуваат од тоа. Бидејќи специјалниот јавен обвинител ќе има исклучително одговорна и обемна работа, треба да има и помошници-обвинители за поефикасно и пофункционално извршување на законските обврски, рекол Заев.

Амбасадорката Соумалаинен посочила дека ОБСЕ продолжува со исклучително внимание да ги следи процесите во Македонија кои, треба да придонесат за демократско градење на институциите и одржување на слободни, фер и демократски избори.

– Мисијата на ОБСЕ и понатаму и стои на располагање на Република Македонија да ги достигне демократските цели. Очекуваме целосно спроведување на постигнатиот договор од 2 јуни и спроведување слободни, фер и демократски избори наредната година, посочила амбасадорката Соумалаинен, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците