Србија покрена обвинение против поранешни полицајци од Република Српска за воени злосторства во Сребреница

Од:

Српското обвинителство за воени злосторства покрена денеска обвинение против 8 поранешни вработени во центарот за обука „Јахорина“, на специјалната бригада на полицијата на Република Српска за воени злосторства врз цивилно население во Сребреница, јави Танјуг.

Поранешните полицајци се обвинети дека на 14 јули 1995 година организирале и учествувале лично во егзекуција на стотици босански муслимани во селото Кравице, во близина на Сребреница. Од жртвите убиени во Кравице, досега се идентификувани останките на над 1.300 цивили муслимани, закопани во неколку масовни гробници.

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ денеска изјави дека обвинението го покажува односот на Србија кон најжестокото воено злосторство во Европа по Втората светска војна, нагласувајќи дека ниту еден воен злосторник и ниту една жртва нема да бидат заборавени.

– Делото е пример за исклучително добра регионална соработка на српското обвинителство за воени злосторства со обвинителството на Босна и Херцеговина и на српското министерство за внатрешни работи со полицијата на БиХ, изјави Вукчевиќ за Танјуг.

На 11 јули годинава беа одбележани 20 години од масакрот во Сребреница, извршен од босански Срби, во кој беа убиени над 8.000 муслимански мажи и момчиња. Масакрот во Сребреница е признат од Меѓународниот трибунал и Меѓународниот суд во Хаг за геноцид.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ