Охриѓанец синоќа околу 23 часот се самоубил скокајќи од станбена зграда.
Самоубиството се случило на улицата „Даме Груев“, а полицијата во присуство на јавен обвинител до доцна во ноќта вршеше увид на местото на настанот.
Засега не е познат идентитетот на жртвата и не е познато зошто тој си го одзел животот.