Три од три за Вардар во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Вардар во третиот меч од новата сезона во СЕХА лигата ја забележаа третата победа и со максимални девет бодови се на врвот на табелата. Синоќа во СЦ „Јане Сандански“ „црвено-црните“ го совладаа Нексе со 31:28.

Вардар го отвори мечот со водство, имаше 5:2 по 10 минути игра, но минутите кои следеа му припаднаа на Нексе. Неколкуте грешки во додавања, гостите од Хрватска ги искористија за брзи контранапади и четири гола во серија. Поведоа со 8:6, а предноста ја задржаа десетина минути. Тогаш Вардар почна да игра подобро во одбраната, со Тимур Дибиров напред во зоната 5-1 и тоа вроди со плод. Нексе не успеа да даде гол до крајот на првото полувреме кое заврши 13:10 за Вардар.

И почетокот на второто полувреме му припадна на македонскиот шампион. На 15 минути до крајот вардарци ја имаа највисоката разлика (23:16). Сепак, борбените ракометари на Нексе постигнаа пет гола во низа и се доближија на 24:22, но немаа сили за целосен пресврт.

Вардар на овој меч беше без повредените Александар Деревен, Филип Лазар и без Петар Ангелов.

Следен меч за тимот предводен од Раул Гонзалес е првиот од Лигата на шампионите, против Монпеље на 20 септември.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска