Столтенберг: Примирјето во Украина генерално се почитува

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека примирјето во Украина генерално се почитува, но изрази загриженост поради зголеменото присуство на руски сили во Сирија.

– Засега изгледа дека примирјето во Украина се почитува повеќе отколку што тоа подолго време беше случај, изјави Столтенберг за време на посетата на Прага.

Сепак, Столтенберг предупреди дека ситуацијата во Украина останува кревка.

Генералниот секретар на НАТО изрази загриженост поради информациите за зголемено воени присуство на Русија во Сирија, нагласувајќи дека тоа нема да помогне за решавање на конфликтот во земјата.

Русија, претходно, неколку пати ги отфрли наводите дека испратиле воени трупи и оружје за силите на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности