„Ак немате пари не ојте!“ – драма околу учеството на охридската претстава на фестивалот „Ристо Шишков“

Од:

Екипата на претставата „Стари времиња” во режија на Нела Витошевиќ, продукција на НУ „Григор Прличев“ од Охрид за малку немало да оди во Струмица, каде утре вечер треба да настапи на фестивалот „Ристо Шишков“, бидејќи е селектирана во официјалната конкуренција за награди. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска, превозот на тројца актери и 10 техничари го проценила на вкупно 61 000 денари.

11999931_10207738436954129_513077182_n

– Од фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, директорката побарала да ни ги покрие сите трошоци, кога виделе дека се работи за толкава голема сума, организаторите на фестивалот, ни излегоа во пресрет и ни обезедија автобус од „Галеб“ за 20 000 денари со кој ќе патуваат актерите и техничката екипа, тие обезбедија и камион за сценографијата. Инаку, кога на директорката се обиделе да и’ објаснат дека се премногу 1000 евра за оваа намена одговорила: „”Ак’ немате пари, не ојте!”. Потоа, иако претставата е на Центарот за култура и треба да е чест со нивна продукција да учестува на фестивал, таа претстава не е моја, побарав да се сретнеме со директорката, но ми беше пренесено дека немало да дојде зашто е на партиски состанок, вели за А1он, Ирена Ристиќ, актерка.

Инаку НУ „Григор Прличев“ по премиерата на претставата „Стари времиња“ се уште и’ должи на Ирена Ристиќ хонорар за премиерата, а должи и за костимографијата, за тонот, должи хонорар за изведувачот на сценорафијата.

Со директорката не успеавме да стапиме во контакт до објавувањето на тесктот.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он