Монструозно: Дадилка од Скопје тепа бебе, заврши во притвор

Од:

Кривична пријава и притвор за 65 годишна дадилка од Скопје која го тепала девет месечното бебе кое и било доверено да го чува, додека родителите биле на работа.

-Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.
По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото, информираа од обвинителството.

Снимката на Фејбук ја објави тетката на бебето, со апел истата да се шири.

oljaDadilka

Пријатели…

Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео…Сакам сите да видите што држи земјава….
Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите,а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан…
Оваа жена -монструм “се грижеше” за Даријан 5 месеци,а ова видео е од само еден ден…Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!
Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата…
На ова никој нема да остане рамнодушен!
Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!
Фала му на Бога Даријан е добар…
Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање…
Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој,туку верувавме во државните органи.
Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube,но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас!Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!
Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња…И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца, стои во објавата.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски