СДСМ: За само 78.000 евра е блокирана обиколницата и делницата Велес-Градско

Од:

„Министерство за транспорт и врски и официјално го потврди она што го соопшти СДСМ, дека за блокадата на автопатиштата во Македонија, на обиколницата околу Скопје и на делницата Велес-Градско, државата ќе добие само 78 илјади евра, односно 4,8 милиони денари.

Срамната потврда од Министерството за транспорт и врски доаѓа преку соопштение во коешто воопшто не се споменуваат последиците врз граѓаните на Скопје: сообраќајниот хаос, уништувањето на инфраструктурата, загадувањето…

Ниту Министерството за транаспорт и врски, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ денеска не споменаа како тоа ќе се направи реконструкција на пат со 78 илјади евра? Средства недоволни ниту за 1 километар нов пат.

Надоместокот за патарини од околу 200 илјади евра, или 12,7 милиони евра којшто го споменува Министерството е сума којашто и без блокадата државата ќе ја инкасираше. Оттука, навредливо за граѓаните е оваа сума да ја споменува Министерството за транспорт и врски.

Нема земја во светот во којашто е дозволено да се затвори автопат на овој начин, дури 37 дена. Тоа и Министерството за транспорт и врски и ВМРО-ДПМНЕ очиглено свесно го премолчуваат.

Снимањето на филм во Македонија не е ниту прв ниту последен пат. Во Македонија и порано се снимале филмови, од врвна, „А“ филмска продукција, па не се блокирале автопатишта и поради тоа никогаш не трпеле граѓаните.

За жал ВМРО-ДПМНЕ расподаде се што можеше да се распродаде и тоа на штета на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он