Германски весници објавија специјален прилог на арапски јазик за бегалците

Од:

Германските таблоиди „Билд“ и „Берлинер цајтунг“ денеска излегоа со специјален прилог на арапски јазик, во кој се поздравуваат бегалците и им се даваат основни насоки, јави ДПА.

Весниците се распоредени по трафиките во главниот град Берлин и околината. Четиристраниот додаток содржи совети за бегалците како да добијат информации и услуги и како да се движат низ главниот град на Германија. Во прилогот, исто така, има краток додаток со арапско-германски разговорник.

Издавачката куќа „Аксел Шрингер“, кој ги поседува двата берлински таблоиди, објави дека примероци биле доставени до сите центри за бегалци.

Насловот на прилогот на арапски јазик гласи „Добредојдовте во Берлин, најпосле стигнавте во Берлин, што е потребно да направите сега?“.

Градоначалникот на Берлин Михаел Мулер, во честитка на арапски јазик, на бегалците им порачува дека германскиот главен град е отворен, толерантен и меѓународен град.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ