УНЕСКО има заштитено 1.031 знаменитости низ светот

Од:

Кои земји се најбогати светски признати туристички атракции?

Кога во 1978 година  УНЕСКО првпат ја објави листата на заштитено светско културно богатство, на спискот се наоѓаа само 12 знаменитости – островот Галапагос и престолнината Кито во Еквадор, Националниот парк Јелоустон и Националниот парк Меса Верде во САД, Националниот историски парк Ланси Медоуз и Националниот парк Нахани во Канада, Националниот парк Семјен и монолитните цркви во Лалибели во Етиопија, рудниците за сол Величка и Бохња во Полска, островот Горе во близина на Дакар (Сенегал) и катедралата во Ахен во Германија.

Денеска на списокот се наоѓаат 1.031 знаменитости, вклучувајќи ја и фабриката за преработка на месо во Фрај Бентос во Уругвај која стана дел од оваа листа на почетокот на јули.

Но, ако сакате да ги посетите во што е можно поголем број, во која земја прво треба да се упатите?

Како што е прикажано на мапата – Италија, Кина, Шпанија и Франција се најбогати земји по ова прашање, бидејќи поседуваат 51, 48, 44 и 41 знаменитости. Следат Германија (40), Мексико (33) и Индија (32). Од соседите најмногу ги има во Грција (17), во  Бугарија (девет) и во Србија (четири).

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам