Јункер и порача на Москва дека границите на ЕУ се недопирливи

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ја предупреди Москва дека границите на ЕУ се „недопирливи“, нагласувајќи дека безбедноста на државите во ЕУ е неприкосновена.

– Безбедноста и границите на земјите членки на ЕУ се недопирливи и сакам тоа јасно да се разбере во Москва. Полска, балтичките држави и сите други се многу важни земји членки на ЕУ и тие не треба да мислат дека нема да бидеме таму за нив. Имаме обврска да ја штитиме безбедноста на сите, изјави Јункер во Европскиот парламент.

Јункер, нагласи дека овие европски земји треба сериозно да разберат дека солидарноста не е празен збор и дека ЕУ е таму и дека ќе биде таму, ако некогаш е потребно.

– ЕУ мора јасно да покаже на Русија кои се трошоците за конфронтација, но исто така, мора јасно да стави до знаење дека е подготвена да се ангажира, нагласи Јункер.

Јункер денеска на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур ја претстави својата порака „За состојбата на унијата“.

Во своето обраќање претседателот на ЕК зборуваше и за бегалската криза, заканата од групата ИД, Западен Балкан, миграцијата од африканските земји и состојбата во Украина.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски