Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-НП кажа дека се откажува од секакви функции во иднина, за да покаже дека целта му е посуштинска со денешното коалицирање, а тоа е да се спаси државата која е загрозена.
Георгиевски отстапува и од суетата и прифаќа да биде дел од тимот кој ќе го води Бранко Црвенковски, кој има за цел да ја урне оваа власт, а потоа секоја партија да се врати секаде каде што припаѓа.
„Денес го славиме празникот на македонската револуционерна борба, на ВМРО и мене како одновач на ВМРО ќе ми биде чест да се борам против идеолошката карикатура направена од идејата на ВМРО во ВМРО-ДПМНЕ“.
Еве ја изјавата на Георгиевски.