Позната ви е следната ситуација: разговарате со пријателката или сте во некое друштво, а вашето мало дете ве влече за ракав и ве прекинува во разговорот.
Можеме да ги разбереме: на децата им се случуваат толку многу важни работи, кои сакаат да ги поделат со вас. Но една жена го споделува своето искуство, односно генијалниот начин, кој го забележала кај нејзина пријателка, јавува портпалот uspesnazena.com.
– Седевме кај неа и пиевме кафе, кога нејзиниот петгодишен син дотрча и сакаше нешто да каже. Наместо да го прекине нашиот разговор, тој едноставно ја стави раката на нејзината рака и почна да чека. Таа исто така ја стави својата рака на неговата и го продолжи разговорот со мене. Разговорот меѓу нас двете заврши и мојата пријателка се сврти кон детето за да го слушне, вели оваа жена.
– Бев воодушевена. Толку едноставно толку нежно. Овој гест беше полн со почитување. Момчето требаше да почека неколку секунди за мајката да ја заврши реченицата, по што таа своето внимание го насочи кон него, нагласи таа.
Таа ја применила оваа техника на своите деца. – Не се потребни груби фрази како: Не ме прекинувај! или Не ни упаѓај во збор!, само нежен допир на раката. И ништо повеќе, а толку многу!, вели оваа жена.