Од 26 септември оваа година сите љубители на најпознатиот таен агент во светот, Џејмс Бонд, ќе уживаат во новото продолжение на филмот под наслов „Spectre“.
И додека агентот 007 уште еднаш ќе го игра познатиот Даниел Кејг, кој често и го нарекуваат Џејмс Бонд, насловната песна овој пат нема да ја пее Адел, туку британската поп сензација Сем Смит.
Песната под наслов „Writing’s On The Wall“, Сем ја сними уште во јануари оваа година, а во разговор за Би-Би-Си, откри дека му требало само 20 минути да ја напише. Според Смит, тоа е најбрзо напишана песна во неговата кариера кога се работи за љубовна балада.
Песната „Skyfall“ која во последното продолжение ја пееше славната Адел во 2013 година доби Оскар за најдобра песна од филм.